Foundation Spirsoki

Историја

Научна фондација СПИРОСКИ е формирана 03.02.2002 година како Фондација Македонски дарителски регистар (МКДР) и како дел од проектот на ICGEB (CRP/MAC03-01) "AMBIGUITIES RESOLUTION OF HLA GENOTYPES IN MACEDONIAN POPULATION". На 30 јули 2018 година фондацијата Македонски дарителски регистар (МКДР) ја прошири дејноста и го смени името во Научна фондација СПИРОСКИ.

Најголемиот дел од работата на фондацијата е издавање на научни списанија, од кои најпознато и најобемно е научното списание Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences. По промената на името започнаа активности за создавање невладин Дарителски регистар за срцевина (покрај веќе постоечкиот државен дарителски регистар за коскена срцевина на ИИБХГ) како дополнителен потенцијал за лекување на болните од крвен канцер со трансплантација на коскена срцевина.