Цели

Фондацијата како имотна маса обезбедена од основачите, ќе се користи заради остварување на поширок интерес и заради постигнување на следните посебни цели и задачи:

  • да создава просторни, технички и материјални услови за работа;
  • да издава научни списанија;
  • да ја афирмира науката;
  • да ја поттикнува научната работа;
  • да собира, да типизира, да складира и да разменува податоци за дарители на клетки, ткива и органи;
  • да создава и да одржува Македонска банка за хумана ДНК;
  • да ги процесира барањата за хематопоетски стем клетки од дарителите во Република Македонија и тие кои доаѓаат од странство;
  • да ги координира активностите на Дарителските центри, Собирните центри, Трансплантациските центри и другите единки од дарителските регистри;
  • да собира и понатаму да дистрибуира средства или други форми на донација во согласност со прокламираните цели;
  • да врши други активности поврзани со науката.

Фондацијата Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје ги остварува целите, правата, интересите и уверувањата за кои е основана, преку стекнување и управување со средства и имот.