Peer Review Week – 2020

НЕДЕЛА НА ЗАЕДНИЧКО РЕЦЕНЗИРАЊЕ – 2020

Рецензирање во македонските научни списанија кои се цитираат во Scopus

Скопје, 21 септември, 2020 година

(Во организација на Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје и Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје)

Концепт: Неделата на заедничко рецензирање е годишен глобален настан кој ја прославува основната улога на заедничкото рецензирање која ја има во одржување научен квалитет. Настанот ги обединува поединиците, институциите и организациите посветени на размена на централната порака  која е критична во академското комуницирање за добро заедничко рецензирање, во било кој облик и форма да е.

Неделата на заедничко рецензирање се одржува од 21-25 септември, 2020 година, посветено на темата „Верба во заедничко рецензирање“, фрлајќи светло на тоа како функционира рецензентскиот процес и зошто помага во градењето доверба во истражувањето. Значењето на веродостојна академска публикација ретко се прикажува јавно или се објавува веднаш, во Светот кој се бори со КОВИД-19 пандемијата. Одржувањето доверба во процесот на донесување одлука со заедничко рецензирање е огромно ако сакаме да ги совладаме светските најбитни проблеми. Ова вклучува осигурување дека заедничката рецнзија е транспарентна (лесно се открива, достапна е и разбирлива за  секој кој пишува, рецензира или чита содржина од заедничка рецензија) и дека секој кој е вклучен во процесот добива тренинг и едукација неопходни за остварување на нивниот дел од постапката се остварува одговорно и доверливо.

Оваа година ќе бидат прикажани искуствата од заедничкото рецензирање во македонските научни списанија кои се цитираат во Scopus.

Предавачи: Уредници на списанија кои се цитираат во Scopus, верифицирани рецензенти.

Слушатели: Членови на уредувачки одбори од списанија, доктори на науки, докторанди од Република Македонија.

Времетрање на едно предавање: 25 мин + 5 мин дискусија.

Начин на одржување: Предавања според протокол за заштита од КОВИД-19.

Место на одржување: Филозовски факултет, Скопје, Амфитеатар 3, на 21 септември, 2020 година од 10:00 до 13:00 часот.

Надокнада на предавачи: 3500 денари по предавање.

Котизација: Спонзорирање од Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје, Република Македонија (со потпишано барање за учество на состанокот).

Пријава на предавачи и слушатели: mspiroski@id-press.eu