Хостирани списанија

Архиви на јавно здравје (Aрх Ј Здравје) е медицинско научно списание со отворен пристап публикувано од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија.
Aрх Ј Здравје е меѓународно, модерно, општо медицинско списание кое ги опфаќа сите области во медицинските науки, од базични истражувања до големи клинички испитувања и кост-ефективност анализи. Објавуваме претежно епидемиолошки и клинички студии во кои се утврдува етиологијата и епидемиологијтаа на болестите, превенција на болести, развој на прогностички и дијагностички технологии; испитувања кои ја тестираат ефикасноста на специфични интервенции или споредуваат различни третмани на болести. Нашата цел е да промовираме примена на реузлтатите во клиничките истражувања и пракса. Наша целна публика е меѓународната медицинска заедница, како и едукатори, креатори на политики, групи за застапување на пациенти и заинтересирани членови на јавноста ширум светот.
Архиви на јавно здравје објавува трудови напишани на македонски и на англиски јазик. Трудовите се поднесуваат онлине, откако авторот ќе се најави и ќе се регистрира на страната. Доколку е неопходна употреба на кратенки во трудот, секоја кратенка е прецизно дефинирана при првото појавување на текстот. Ракописот на трудот треба да биде придружен со писмо од првиот автор, во кое се наведува дека истиот текст не е веќе објавен или доставен/прифатен за печатење во друго списание или стручно издание и со потврда дека ракописот е прегледан и одобрен од страна на сите коавтори, изјава за евентуален судир на интереси од страна на еден од авторите.
Македонското списание за медицински науки со отворен пристап (ОАМЈМС) објавува медицинска информатика, основни науки, клинички науки, извештај за случај, кратка комуникација, јавно здравје, јавна политика, медицински сестри и ревијален напис од сите области на медицината и сродни области.
Ова списание, исто така, постојано или повремено објавува библиографии на членовите на Здружението, медицинска историја, медицински публикации, апстракти од тези, рецензии на книги, извештаи за состаноци, информации за идни состаноци, важни настани и датуми и различни наслови кои придонесуваат за развојот на соодветната научна област.