Foundation Spirsoki

Активности во 2020 година

Во јуни, 2020 година Научна фондација СПИРОСКИ даруваше две автобуски постојки: во Лешок - Горно маало и во Лешок - Долно маало. Се надеваме дека граѓаните ќе ја користат оваа донација.

На 21 септември, 2020 година Научна фондација СПИРОСКИ организираше „НЕДЕЛА НА ЗАЕДНИЧКО РЕЦЕНЗИРАЊЕ – 2020“, Рецензирање во македонските научни списанија кои се цитираат во Scopus. Работилницата се одржа на Филозофски факултет во Скопје со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19. Во работилницата учествуваа: проф. д-р Владимир Трајковски, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје; проф. д-р Сашо Столески, Институт за медицина на труд, УКИМ, Скопје; проф. д-р Владимир Какуринов, Консалтинг и тренинг центар Клуч, Скопје; проф. д-р Флорина Поповска-Перчиниќ, Факултет за ветеринарна медицина, УКИМ, Скопје; и проф. д-р Мирко Спироски, Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје. Видео презентациите од работилницата можат да се следат на YouTube каналот на Научна фондација СПИРОСКИ.

На 20. Октомври, 2020 година се одржа вебинар со тема „Општествено-хуманистичките и биомедицинските списанија со отворен пристап ‒ искуства, дилеми, предизвици во 21-от век“ во организација на проф. д-р Владимир Трајковски од Филозофски факултет во Скопје, Македонско здружение на медицински уредници и фондација СПИРОСКИ. Првото предавање на трибината го одржа проф. д-р Мирко Спироски од Научна фондација СПИРОСКИ со тема „Списанија со отворен пристап во Република Македонија“. На вебинарот учествуваа: проф. д-р Ратко Дуев, Филозофски факултет, Скопје; проф. д-р Владимир Трајковски, Филозофски факултет, Скопје; акад. Сашко Кедев, Македонска академија на науки и уметности (претседател на Македонско здружение на медицински уредници), Скопје; проф. д-р Дончо Донев, Македонско здружение на медицински уредници, Скопје; проф. д-р Гордана Ристовска, главен и одговорен уредник на спианието Архиви на јавно здравје, Институт за јавно здравје, Скопје; и проф. д-р Мирко Спироски, Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје.