Foundation Spirsoki

Активности во 2018-2019 година

Од 22. до 28. октомври, 2018 година е Недела на отворен пристап. Главната тема на оваа недела е „Создавање рамноправни фондации за отворено знаење“. Научна фондација СПИРОСКИ целосно го поддржа овој принцип!

Првата донација од Научна фондација СПИРОСКИ беше уплатена преку Facebook за младите таленти од Македонија кои отпатуваа во Африка. Седум спонзори и 120 донатори од цел свет собраа пари за шесте ученици од Македонија да заминат на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, која во декември 2018 година се одржа во Габороне, Боцвана. Талентираните ученици заедно со тројцата ментори заминаа за африканската земја.

Со трудот „VERIFICATION OF THE TRANSLATIONAL PLAGIARISM. Mirko Spiroski. Scientific Foundation SPIROSKI, Skopje, Republic of Macedonia” учествуваме на Second Mediterranean Seminar on Science Writing, Editing and Publishing, во Сараево на 08.12.2018 година.

Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences беше регистриран на 30.08.2018 година во Глобалната база на податоци за брендови на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) во следните десет години. Оваа регистрација ќе ја зголеми транспарентноста и квалитетот на списанието и ќе го стабилизира постојаниот развој на научните информации.

Од 8-9. Мај, 2019 година се одржа вториот Конгрес на студенти по општа медицина при УГД - Штип, а Научниот одбор ги прогласи најдобрите научни трудови кои парично беа наградени од Научната фондација СПИРОСКИ. Едната награда во износ од 500 € се додели за Најдобра орална презентација која му припадна на Александар Лонгуров. Другата награда, повторно во износ од 500 € се додели за Најдобра постер-презентација и му припадна на Кирил Митев. Двете најдобри презентации, покрај паричните награди, обезбедија бесплатно објавување на своите трудови во реномираното списание „Open Access Macedonian Journal оf Medical Sciences“ (Труд 674 и Труд 586).

Во Охрид од 27-29. мај 2019 година се одржа традиционалниот 42. Меѓународен медицински студентски конгрес. На конгресот беа наградени од Научна фондација СПИРОСКИ по 500 € за најдобрата орална презентација (Беата Адрианович од Полска), за надобриот постер (Стефан Спириќ од Србија) и за најдобриот приказ на случај (Мартина Савовска од Република Македонија). Двата од трите наградени трудови ги објавија своите трудови во реномираното списание „Open Access Macedonian Journal оf Medical Sciences“ (Труд 587 и Труд 582)

Во месец јуни, 2019 година проф. д-р Мирко Спироски беше назначен за цертифициран ментор во Publons со можност да ги обучува младите рецензенти како успешно да рецензираат научни трудови.

Во ноември, 2019 година Научна фондација СПИРОСКИ Научната фондација СПИРОСКИ станува партнер на Publons. Publons (сега Clarivate) собира информации за рецензии од колеги и гради јавни профили на рецензенти за рецензентите кои учествуваат. Профилот на Publons ја прикажува потврдената историја на прегледи на истражувачот низ сите списанија, без да открие какви било чувствителни информации за ракописот.
Две научни списанија издадени од Научната фондација СПИРОСКИ се вклучени во Publons:
1. Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences (OAMJMS) - Publication Fee
2. South-East European Journal of Architecture and Design (SEEJAD) - Free of Charge publication

Првата рецензија на труд од проф. д-р Мирко Спироски во Frontiers in Immunology беше објавена во номеври 2019 година.

Во декември, 2019 година учествуваме на состанокот на студентите по медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.