Проекти

НФС – Програма за дарување срцевина [НФС-ПДС]

Цивика Мобилитас (ЦМ-АКТ-06). Цел на овој проект е вклучување на невладиниот сектор во подигање на свеста за дарување срцевина како и регистрирање на дарители за срцевина преку НФС - Програма за дарување срцевина во Научна фондација СПИРОСКИ. Се очекува создавање мрежа од собирни центри кои ќе вршат едукација и регистрација, а подоцна можат да бидат вклучени во земањето примероци од брис на образот за анализа. Вклучувањето на невладиниот сектор во дарувањето срцевина, покрај постоечкиот државен регистар, ќе ги зголеми шансите на болните со малигни заболувања во земјава и во странство за поголем број спарени болни со соодветни дарители на срцевина и нивно успешно лекување.