Цели
Фондацијата како имотна маса обезбедена од основачите, ќе се користи заради остварување на поширок интерес и заради постигнување на следните посебни цели и задачи:
- да создава просторни, технички и материјални услови за работа;
- да издава научни списанија;
- да ја афирмира науката;
- да ја поттикнува научната работа;
- да собира, да типизира, да складира и да разменува податоци за дарители на клетки, ткива и органи;
- да создава и да одржува Македонска банка за хумана ДНК;
- да ги процесира барањата за хематопоетски стем клетки од дарителите во Република Македонија и тие кои доаѓаат од странство;
- да ги координира активностите на Дарителските центри, Собирните центри, Трансплантациските центри и другите единки од дарителските регистри;
- да собира и понатаму да дистрибуира средства или други форми на донација во согласност со прокламираните цели;
- да врши други активности поврзани со науката.
Фондацијата Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје ги остварува целите, правата, интересите и уверувањата за кои е основана, преку стекнување и управување со средства и имот.