Нашите вработени

Проф. д-р Мирко Спироски
Основач и Директор на Научна фондација СПИРОСКИ
Проф. д-р Мирко Спироски дипломирал на Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, Република Македонија (1972) каде што подоцна магистрирал (1978) и докторирал (1989).
Тој е основач и Директор на Институт за имунобиологија и хумана гентика при Медицинскиот факултет во Скопје, Република Македонија од неговото основање до септември 2013 година.
Тој вовел неколку предмети во наставните програми за Медицинскиот факултет (имунологија и Хумана гентика), за Факултетот за природни науки (Имунохемија со базична имнологија, Биохемија-3, Имуногенетика) за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (Генетика во спортот) и за магистерските студии за јавно здравје (Генетика во јавно здравје). Тој го вовел предметот Основни научни методи за Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.
Негов научен интерес е имунологија, но објавувал исто така во полињата на молекулска антропологија и хумана генетика.
Тој бил Генерален секретар и Заменик уредник на списанието Годишен збрник на Медицинскиот факултет во Скопје, и Главен и одговорен уредник на списанието Македонско списание за медицина. Проф. д-р Мирко Спироски е основач и Главен и одговорен уредник на слисанието Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences, порано познато како Macedonian Journal of Medical Sciences. Тој е Придружен уредник на списанието Gene, како и Консултативен уредник и експерт во списанието Anthropological Researches and Studies. Од 1. Февруари, 2017 година до 31. Декември 2017 година бил вработен во Жан Митрев клиника во Скопје, Република Македонија. Почнувајќи од 1. Јануари 2018 година работи како директор во Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје, Република Македонија.

М-р Иво Спироски
Извршен директор на Научна фондација СПИРОСКИ
М-р Иво Спироски заврши факултет во 2010 год. на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ од Скопје, на факултетот за Дизајн и Технологии на Мебел и Ентериер.
Во 2014 год. се здоби со звање Магистер на науки по Технологии на Мебел и Ентериер на истиот факултет. Две години (1999-2001) беше директор на компанијата Медис од Скопје. Има завршено курс по Компјутерски дизајн на матрици во Тајпеј, Тајван (1999-2000).
Основач и главен и одговорен уредник на списанието за компјутерски игри „Играч“. Основач и директор на Ајди Дизајн 2012/дооел Скопје, Република Македонија. Основач и главен и одговорен уредник на електронското списание „South East European Journal of Architecture and Design“. Технички уредник на електронското списание „ОАМЈМС“.
Од 2020 година е Извршен директор на Научна Фондација СПИРОСКИ.

Теодора Филдишевска
Продукциски уредник во Научна фондација СПИРОСКИ
Филдишевска Теодора, административен работник во АЈДИ-Дизајн во Скопје, е родена на 18.11.1994 год. во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Има завршено обука за Веб Девелопмент при Академијата за Програмирање на Сеавус едукативниот и развоен центар во Скопје во 2019 год.
Филдишевска Теодора е вработена како административен работник во АЈДИ-Дизајн во Скопје, каде учествува во изработката и издавањето на медицинското научно списание Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences и во другите научни списанија.
Во текот на обуката за Веб Девелопер, Филдишевска Теодора има стекнато вештини за програмирање со HTML5/CSS (има работено и со Bootstrap за различни проекти), JavaScript и JQuery, како и C#; се има запознаено и работено со Microsoft SQL server, MVC, ASP.NET, Entity Framework.
Во досегашното работење во туристичкиот сектор, Филдишевска Теодора има развиено вештини за директна комуникација и продажба на странски клиенти, најчесто преку и-меил комуникација но и лице в лице. Учествувала во организацијата и поддршка на настани на самото место но и со раководење на тимови од далечина. Како дел од нејзините должности била и административната работа каде има научено како да работи со фактури и договори на клиентите на компанијата.
Во рамките на работењето во фирмата OneContact, Филдишевска Теодора дополнително ги има развиено нејзините вештини за општење на англиски јазик при константна комуникација со клиенти.

Ана Вучуревиќ
Молекуларен биолог во НФС - Дарителски регистар за срцевина
Ана Вучуревиќ е родена на 24.08.1997 во Скопје. На Институт за биологија, Природно-математички факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје од Септември 2016 до Март 2021 студирала и дипломирала како молекуларен биолог.
За време на студирањето на факултетот, волунтирала две години во Хидробиолошката лабораторија. Била вклучена во проектите за изолација на биомаси и подготвување екстракти од алги за мерење токсини и слично.
Била вклучена во проектот на Универзитетската клиника за неврохирургија, Скопје за определување прогностичката улога на периферните имунолошки обележувачи и оксидативен стрес кај пациенти со невролошки заболувања. Волонтирала во биохемиската лабораторија во Лукс Медикус во Скопје за биохемиски и хематолошки анализи.
Од 01.05.2021 вработена е како молекуларен биолог во склоп на проектот на Цивика Мобилитас „НФС – Програма за промоција на дарување срцевина“ во склоп на Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје.

Д-р Катерина Спироска
Стоматолог во НФС – Дарителски регистар за срцевина
Катерина Спироска е родена на 07.03.1974 година во Скопје. Основно образование завршила во Ј. А. Коменски, Скопје, Македонија од 1980-1988 година. Средно образование завршила во М. У. Ц. Д-р Панче Караѓозов, Скопје, Македонија од 1988-1992 година. Дипломирала на Стоматолошки факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Македонија од 1992-1999 година.
Вработена била во П. З. О. Богдановски, Скопје од 2002-2008 година како стоматолог по примарна здравствена заштита. Продолжила со работа во Алкалоид АД Скопје - Продажби Фармација, реферат продажби Македонија хумани лекови - ПЦ Фармација од 2008-2011 година. Во Алкалоид АД Скопје - Маркетинг фармација, реферат Медицински маркетинг - ПЦ Фармација работела од 2011-2013 година. Од 01.03.2022 година врабитена е во Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје.
Континуирана едукација: 4ти Конгрес на Стоматолози на Македонија со меѓународно учество Охрид 2006;12ти BASS (Balkan Stomatological Society), Истанбул,Турција, 2007; 6ти Меѓународен Стоматолошки симпозиум, Скопје, 2007; Симпозиум за глас јономерни цементи и современа ендодонција со меѓународно учество, Скопје, 2007; Семинар за хронична орофацијална болка, Скопје, 2007; 7ми Меѓународен Стоматолошки симпозиум,Скопје, 2008; Симпозиум за Стоматологија во практика, Куманово, 2009; Семинар за 21 век- Нови предизвици за стоматолошката пракса, Скопје, 2010; Симпозиум за превентивни и дијагностичко тераписки протоколи во секојдневната стоматолошка пракса, Скопје, 2010; Симпозиум за функционално-естетска протетска рехабилитација, Скопје, 2011; Симпозиум за Новини во секојдневната стоматолошка пракса, Демир Капија, 2011.
Член е на Стоматолошка Комора на Македонија и на Здружение на приватни стоматолози на Македонија.

Д-р Емилија Андоноска
Доктор во НФС – Дарителски регистар за срцевина
Родена е на 16.04.1994 во Прилеп. Своето основно и средно образование ги завршила во родниот град. Дипломирала на Медицинскиот факултет на универзитет “Св. Кирил и Методиј” –Скопје (2012-2019). Работела како доктор по општа медицина во ПЗУ Викториа - Скопје (2019-2021) и во ИМП при ЈЗУ Здравствен дом- Скопје (2020). Од 01.01 2022 година е вработена во Научна фонација СПИРОСКИ и активно учествува во работата и развивањето на Дарителскиот регистар за срцевина.